Жито Интеграл, во своите стремежи да биде општествено одговорна компанија, на свое задоволство ги подржа студентите од IAESTE Macedonia – Меѓународна организација за размена на студенти од теничките факултети на нивниот Семинар за развој на ИАЕСТЕ кој се одржа на 5-ти и 6-ти мај 2017 година.
На настанот присуствуваа повеќе од 60 делегати, претставници на студентските и професионално водените ИАЕСТЕ комитети. Поголемиот број делегати се од земјите од Европа како Германија, Швајцарија, Велика Британија, Ирска, но имаше и делегати од подалечните земји како САД, Таџикистан, Индија, Палестина.
Жито Интеграл изложи дел од своите производи, главно пецива, како пријатна ужинка за гостите и посетителите на настанот. Особена чест ни е што бевме поддршка и што добивме позитивни коментари за нашите производи.
Секогаш здраво, секогаш вкусно…