Неколку зборови за нашата компанија

Располагаме со голем асортиман на производи по сечиј вкус. Наше е да ги направиме а на Вас е да ги вкусите

Нашата компанија

Пекарата “Жито Интеграл Пекара” од 15.09.1997 на пазарот нуди голем асортиман на производи од бели и темни брашна. “Жито Интеграл Пекара” е сместена во новата индустриска зона во месноста Визбегово.
Врвниот квалитет на пекарата го создаваат неговите мајстори во пекарството од сите профили.

Редовно се соработува како со прехрамбените организации од кој се набавуваат суровините така и со научните центри за едукација а се посетуваат семинари и саеми за прехрана од страна на стручното раководство за да се следат најновите достигнувања во пекарстовото.

Нашата цел и мисија

“Жито Интеграл Пекара” снабдува над 1500 продавници со сите видови на леб и бели пецива со своја сопствена дитрибутивна мрежа. Секојдневно, неделно и месечно ” Жито Интеграл Пекара” врши редовни, сопствени, лабораториски анализи на суровините и готовите производи. Постои договор со Заводот за здраствена заштита и со Дирекцијата за храна за контрола на нашето работење, ги поседуваме сите потреби решенија и атести од надлежните институции за својата дејност. Се вршат редовни контроли од надлежните институции и тоа: редовна дезинфекција и санитарен преглед на вработените. Сето ова потврдува дека се работи за сериозна и успешна пекара која нуди широк асортиман на производи на пазарот.

Нудиме и поголема информираност за составот на нашите производи, се со цел како потрошувачи да имате правилен избор во одлучувањето. Сите знаат што значи еден производ од бело брашно но многу малку се знае за темните брашна од другите житарици кои се повеќе барани на пазарот.

Наши приоритети

Името на нашата пекара “Жито Интеграл Пекара” јасно кажува дека наш приоритет е производството токму на црни лебови кои по својот состав ја претставуваат иднината на нашата исхрана. Производите од темните брашна имаат значајна улога во одржувањето на нашето здравје. Минералите, витамините и другите корисни состојки што ги содржат нашите производи го регулираат и го зајакнуваат имунолошки систем. Интегралните лебови имаат важна улога за нашето здравје. Се препорачуваат како здрава храна која го одржува здравиот организам подобрувајќи ја работата на срцето и другите витални органи.

За таа цел користете ги нашите производи за да Ви помогнеме во изборот и во одржувањето на вашето здравје. “Жито Интеграл Пекара” стои на Ваше располагање. Пробајте , само така може да го пронајдете изборот за Вашето здравје.

“Жито Интеграл” стои на Ваше располагање.

Со помош на нашите потрошувачи, работиме посветено и постојано, со се со цел да создаваме производи кои со сигурност ќе донесат позитивна енергија и целосно задоволство.

Видео презентација

Галерија