Јачмен – здрава храна и природен лек

Јачмен – здрава храна и природен лек

Јачменот е една од најстарите житарици.Тој е една од најуниверзалните зрнести култури, со широки можности за употреба во исхраната на човекот .Како култивирана билка, јачменот е гаен уште во каменот доба, 5000-6000 години пред новата ера.Старите Грци го сметале како подарок од Деметра, „мајканажитото“, па на божицата и носеле жртвени колачи од јачменово брашно.

Кога станува збор за житариците, јачменот е на прво место доколку сакате здрава исхрана, бидејќи изобилува со растителни влакна, важни витамини и минерали. Консумацијата на намирници кои содржат јачмен значително го намалува лошиот холестерол, според најновите истражувања. Имено, користењето на јачмен во исхраната го намалува LDL холестеролот кој е е уште познат како лош холестерол. Се препорачува за лица кои имаат висок ризик од кардиоваскуларни болести, како и дијабетичари. Јачменот го намалува вкупниот холестерол кај поединците кои се изложени на висок ризик, но може да има позитивно дејство и кај луѓето кои не се соочуваат со овој проблем.

Хранливите вредности на јачменотсе, инаку, слични со другите врсти на житарици.Во целото зрно јачмен има 11% белковини, 1,8% масти и вкупно 73,4% јагленохидрати.

Во излупеното зрно јачмен, овие вредности се менуваат – процентот на белковини и масти се намалува, а се зголемува процентот на јагленохидрати.

Јачменот е богат и соминерали: калиум, фосфор, магнезиум, калциум, натриум, сулфур, железо, манган, бакар, цинк, кобалт, флуор и јод. Витаминскиотсоставнајачменот е сличен со витаминскиот состав на повеќето житарици. Јачменот ги содржи скоро сите витамини, а посебно витамините од групата Б.

Лековитите својства на јачменот се многу бројни.Тие им се препишуваат на неговите главни состојки, како што се скроб, азотниматерии, растителни незаситени масни киселини, шеќер, ензими и слично.

Јачменот е одличен извор на растителни растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна се делотворни за намалување на холестеролот во крвта. Научниците утврдиле дека еден тип на растворливи влакна познати како бета – глукан, кои се основна компонента на јачменот се одговорни за ова полезно дејство врз организмот. Нерастворливите растителни влакна во јачменот се полезни за дигестивниот систем на човекот и помагаат за редовно празнење на цревата. Тоа е важно за превенција и намалување на ризикот од појава на канцер на дебело црево. Консумирањето на храна богата со растителни влакна може да го зголеми и продолжи чуството на ситост. На овој начин јачменот помага за одржување на посакуваната телесна тежина и превенција на дебелината.

Оставете коментар

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.